Инвеститор
ДАБАР дооел, Скопје
Локација
Аеродром, Скопје
Тип на објект
Деловни Објекти, Станбени Објекти
Година на изградба
2026
На атрактивна локација во Општина Аеродром, на бул. „3-та Македонска Бригада 3“ бр. 71, се наоѓа современиот станбено-деловен објект ГП 2.13.
Објектот е со катност Приземје + 7 ката. Приземјето е со деловна намена и располага со 10 современо организирани деловни простори, со површини од 30 до 108 м².
Од првиот до седмиот кат се сместени вкупно 84 внимателно проектирани станови, со површини од 40 до 76 м². Разновидната понуда на станбени единици овозможува избор според различни потреби, животни стилови и индивидуални преференции, со акцент на функционалноста, комфорот и рационалното искористување на просторот.
За дополнителен комфор и практичност на станарите, обезбедени се вкупно 83 паркинг места. Од нив, 7 се организирани на нивото на теренот, додека 76 паркинг места се сместени на две подземни нивоа – подрум -1 и подрум -2. Подземниот паркинг е лесно и директно пристапен преку рампа, овозможувајќи сигурно и удобно користење.